Изложба на современ накит ‘DIFFERENCES’

Од:

На 7-ми декември во 18 часот во галеријата Вива во Виена, ќе биде отворена изложбата на современ накит ‘DIFFERENCES’ на авторите Јана Ацевска, Глигор Кузмановски и Симеон Шомов од Бугарија.

Изложбата е спој на тројца дизајнери на современ накит од две земји кои творат и експериментираат со различни материјали.

Сличностите и различностите се алката која ги поврзува тројцата автори во една креативна приказна. Секој од нив со својот специфичен израз предизвикува различни чувства.

Три посебни светови, сплотени во еден простор со нивниот уникатен израз.

Дали различностите треба да ги разделат луѓето?

Секое парче накит е засебен експеримент кое ја раскажува својата приказна и не води на посебно доживување.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска