Изложба на монети од археолошкиот локалитет Градиште

Од:

Во Музејот на Град Скопје денеска ќе биде отворена изложба на монети откриени на археолошкиот локалитет Градиште кај село Таор со наслов „Tauresium-монети од археолошки истражувања“. Раководител на истражувањата и автор на изложбата е Киро Ристов.

На изложбата ќе бидат презентирани 427 монети, од вкупно 523 колку што се откриени со досегашните археолошки истражувања. Изложените монети го отсликуваат хронолошкиот распон од егзистирањето на населбата и ја дефинираат економската состојба на жителите во определени временски периоди. Презентирани се во 20 витрини по хронолошки редослед од владеење на императорите и според нивната номинална вредност.

Изложените монети се откриени во текот на десетгодишните археолошки истражувања на локалитетот во организација на Музејот на Град Скопје. Локалитетот континуирано се истражува од 2000 година, а проектите за археолошки истражувања се целосно финансирани од Министерството за култура на Република Македонија. Од 2008-2011 година истражувањата беа финансирани од Владата на Република Македонија во рамки на капиталните проекти.

Со истражувањата на локалитетот откриени се 12 индивидуални куќи, две јавни градби одбранбен ѕид и многубројни наоди. Населбата имала довод и одвод на вода. Освен многубројните наоди на керамички садови и фрагменти од нив, накит, фрагменти од стаклени садови, крстови, земјоделски и занаетчиски алати, делови од градежни конструкции, оружје и воена опрема.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска