Избрани новите седум светски чуда што ја отсликуваат „разноликоста на Планетата“

Од:

Што е заедничко за Бејрут, Куала Лумпур и Ла Паз? Овие градови се меѓу победниците на новата светска потрага по седумте најнеобични градови во светот.

Швајцарецот Бернард Вебер, кој со година патувал по Планетата, во 2007 година ги прашал жителите на светот да изберат седум нови светски чуда. Меѓу тогашните победници се најдоа и Големиот кинески ѕид и Таџ Махал.

Потоа во 2011 година тој го повтори своето истражување, овој пат во потрагата по седумте природни светски чуда, а благодарение на стотиците милиони гласови, своето место на листата го најдоа Амазонија и јужнокорејскиот остров Џеџудо.

Последната листа треба да ја претставува „разноликоста на Планетата“.

– Почнавме со 1.200 номинирани од 220 различни држави и избравме седум градови кои најдобро го претставуваат светскиот диверзитет на урбаното општество, рече Вебер.

– По првпат во историјата на Планетата, половината од населението живее во градовите, а избраните градови го истакнуваат карактерот на нашиот свет што така брзо се развива, додаде тој.

Листата со седумте победници ја сочинуваат :

Бејрут, Либан

Доха, Катар

Дурбан, Јужноафричка Република

Хавана, Куба

Куала Лумпур, Малезија

Ла Паз, Боливија

Виган, Филипини

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска