Националниот авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати, компанијата „Итихад Ервејз“, осма година по ред е прогласена за најдобра авиокомпанија на Блискиот Исток.
Престижното признание е една од трите награди што компанијата „Итихад Ервејз“ ја осови на гала настанот „World Travel Awards Middle East“, оддржан на 4 мај во Дубаи.
„Итихад Ервејз“ е прогласена и за авиокомпанија со најдобра прва класа и најдобар кабински персонал во регионот на Блискиот Исток.
– Оваа награда претставува признание за нашата постојана посветеност кон клиентите, а овој пристап е во центарот на сето она што го работевме во изминатите години токму за нашите гости. Нашите подобрувања воведени во текот на 2013 година, од претставувањето на услугата „Летечка дадилка“ до континуираното воведување вај-фај и интернет конекција и следење на телевисики програми во живо во целата флота, ја нагласуваат нашата посветеност за испорачување на најдобрите услуги и производи во класата, изјави Џејмс Хоган, претседател и генерален директор на „Итихад Ервејз“.
Авиокомпанијата вчера отпочна нова врвна понуда од нови услуги и производи во авионите „А380“ и „Б787“ во центарот за иновации на „Итихад“ во Абу Даби. Тоа е уште еден пример за континуираната посветеност во обезбедувањето на најдобри услуги.
Наградите „World Travel Awards“ се воведени во 1993 година за да се истакнат најдобрите компании во областа на патувањата и туризмот, при што за победниците гласаат професионалци од браншата и патници. Оваа награда, што „Волстрит џурнал“ ја нарече „Оскар на туристичката индустрија“, се доделува на шест регионални церемонии, вклучувајќи ја и онаа за подрачјето на Блискиот Исток, по што следи конечниот светски избор на крајот на годината.