Десерт инспириран од италијанската кујна …
Потребно е:
150 гр маргарин
250 гр брашно
200 гр шеќер
100 гр грубо сецкани бадеми
50 гр суво грозје
2 јајца
1/2 кесичка прашок за пециво
малку сол
изрендана кора од портокал
2-3 лажици ликер од бадеми
Подготовка:
– Прво растопете го маргаринот и оставете го да се излади.
– Во еден сад измешајте ги сите суви состојки, а потоа додадете ги јајцата, ликерот и на крај и маргаринот. Убаво изматете со маталка.
– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 30-40 минути.
– Печениот колач извадете го од тавата и оставете го неколку минути да се излади. Потоа исечете го на правоаголници и оставете ги убаво да се изладат.