Италија ќе гради вештачки остров во Јадранското Море

Од:

Италија ќе гради вештачки остров во вредност од една милијарда евра крај јадранското крајбрежје, пишува денеска весникот „Дејли телеграф“.

Вештачкиот остров ќе биде со дијаметар од еден километар и на него ќе се наоѓаат хотели, вили, продавници, паркови и пристаниште за крузери, кои ја поврзуваат Хрватска, Црна Гора и Грција со Венеција.

Островот ќе биде на три морски милји од италијанскиот град Ричоне и ќе има постојано население од 3.000 лица.

Проектот е на експерти од Универзитетот на Ферара. Компании од Саудиска Арабија, Велика Британија и Холандија веќе пројавиле интерес да инвестираат во изградбата на островот.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска