Француски археолог верува дека дошол до едно од најголемите откритија во египтологијата во последните неколку десетолетија.
Истражувањето на францускиот археолог, Марк Габолде би можело да промени многу приказни за историјата на Египет.
Со години се веруваше дека родителите на египетскиот фараон Тутанкамон биле Акхенатон и една од неговите пет сестри, но истражувањето на Габолде покажа дека мајка на Тутанкамон би можело да биде позната египетска кралица Нефертити, инаку внука на неговиот татко Акхенатон.
Иако Акхенатен и Нефертити биле во брак и имале уште неколку деца, многу истражувања покажаа дека мајка на Тутанкамон била некоја друга жена на Акхентон. Но, ова истражување би можело да претставува пресвртница во изучувањето на египтологијата.
– Можно е да дошло од претходното погрешно толкување, затоа што сличноста на ДНК роднините во првото колено наликуваат на сличностите на ДНК меѓу брат и сестра. Верувам дека Тутанкамон е син на Акхенатон и Нефертити, но и дека тие двајцата биле братучеди иако биле во брак, смета Габолде.
МИА