Истанбул е најпосакуваната европска дестинација во 2013 година

Од:

Непрофитабилната организација „European Consumers Choice“, како резултат на гласањето на туристичките работници и туристи, го прогласи Истанбул за најдобра европска дестинација за 2013 година.

Споменатата организација, со седиште во Брисел, истражувањето за најпосакуваната дестинација за Европејците го спроведе во последните три недели.

Истанбул е прогласен за најпосакувана дестинација, а веднаш зад него се најдоа Лисабон, Виена, Барселона, Амстердам, Мадрид, Валета, Ница, Милано и Стокхолм.

Во соопштението на организацијата „European Consumers Choice“ се наведува дека Истанбул е единствениот град сместен на два континента, како и тоа дека е тоа град каде се сретнуваат Истокот и Западот.

Истанбул стана познат по своите палати и по местата кои човека го чинат спокоен, се наведува понатаму во соопштението.

Од организацијата ја препорачуваат посетата на Истанбул во 2013 година кога ќе се отвори и културниот центар „Ататурк“ во Таксим и железничкиот проект сличен на Евротунелот.

„European Consumers Choice“ за најпосакувана дестинација во 2010 година го прогласи Лисабон, а во 2011 и 2012 година тоа беа Копенхаген и Порто.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска