Истанбул е најдобар град за живеење на жените во Турција

Од:

Најдобар турски град за живеење за жените е Истанбул, покажуваат податоците на Турскиот статистички институт, цитирани од турскиот весник „Хуриет“.

Според податоците од 2011 година турскиот град е најдобро место за живот на жените според повеќе показатели, меѓу кои се нивото на образование, вработување, склучување бракови и друго.

istanbul-grad-067

Истанбул, во кој живеат седум милиони жени, е на прво место според учеството на жените во политиката.

Во турскиот мегаполис, исто така, е помал бројот на рано склучените бракови, а,исто така, нивото на образование е повисоко во однос на другите турски градови или 21 отсто од жените се со завршена гимназија или универзитет.

Најголемиот турски град, меѓутоа, има негативен имиџ по одос на самоубиствата на жените, а голем е и бројот на обидите за самоубиство.

istanbul-grad07

Според податоците на Турскиот статистички институт меѓу десетте градови што се најдобри за живеење за жените во Турција е и градот Ризе – родното место на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Во Ризе, во североисточна Турција, често среќаван е матријархатот, кога жените имаат големо влијание во семејствата. Во црноморскиот град претставничките на понежниот пол можат да се занимаваат со одгледување чај или лешници, а потоа можат парите од заработувачката да ги инвестираат во што ќе посакаат, пишува „Хуриет“.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска