Ископувања во Форумот ја откриваат зрелата старост на Рим

Од:

Рим го слави својот официјален „роденден“ на 21 април, датумот на кој (според старата римска легенда) браќата Ромул и Рем го основале градот во 753 г.пр.н.е. Додека неговата старост е прилично зрела – 2767 години, да бидеме прецизни – Рим е можеби и постар од тоа, според новите докази откриени за време на ископувањата во римскиот Форум. Со помош на напредни технологии, тим од археолози неодамна открија остатоци од камен ѕид за кој тие веруваат дека бил изграден повеќе од еден век пред познатиот датум за основањето на Рим.

Легендата за основањето на Рим во 753 г.пр.н.е. од Ромул и Рем, синови-близнаци на богот на војната Марс, најверојатно потекнува од 4-иот век пр.н.е. и била пишано забележана во кохерентна форма скоро на крајот од следниот век. Археолошките докази наведуваат дека луѓе дошле во овој регион најрано во 10-иот век пр.н.е., но сепак одамна се верува дека населувањето на Рим бил постепен процес кој се случил со текот на вековите. Овие нови откритија на тимот археолози кои работеле во самиот Форум уште од 2009 година, наведуваат дека градбите во камен во градот почнале дури и порано отколку што претходно било докажано, пишува history.com.

Ѕидот, кој е изграден од порозен камен познат како туфа, бил откриен на локацијата Лапис Нигер („црн камен“ на латински јазик), храм во внатрешноста на Форумот кои на денешните римјани им асоцира на најраните години на градот. Тимот на основа на фотографии, цртежи и од други истражувања од минатите ископувања во Формуот (меѓу кои се и оние кои ги предводел д-р Џакомо Бони од 1899 до неговата смрт во 1925 година), создале тродимензионални слики на локацијата, а потоа користеле ласерски скенери и фотографии во висока резолуција за да ја определат точната локација на закопаниот ѕид.

Излегува дека новооткриената структура била изградена за да ја спроведува водата од аквитерот (базенот) под Капитолине, еден од познатите седум рида во Рим, која се влевала во реката Спиро, притока на Тибар. Како прилог на самиот ѕид, тимот археолози од Форумот откриле парчиња од керамички садови и остатоци од храна (зрна пченица) закопани во близина. Преку подетални испитувања на керамиката, тие можеле да го определат времето од кое потекнува ѕидот, „помеѓу 9-иот и почетокот на 8-иот век пр.н.е.“, вели д-р Патриција Фортини, археолог од културната инспекција во Рим, која раководела со истражувањето. Ако нивните заклучоци се точни, изградбата на ѕидот била доста пред традиционалното основање на Рим за повеќе од еден век.

Римскиот Форум, кој е изграден на ниска надморска висина помеѓу брдата Палатине и Капитолине, бил меѓу најважните јавни места за средби во стар Рим. Таму се носеле закони, се одржувале гладијаторски битки и таму бил отворениот пазар во Форумот, кој бил седиште на најважните храмови и споменици во градот. Еден од нив е Лакот на Северус Септимус, мермерен споменик подигнат во 203 г.н.е. кој сеуште стои покрај локацијата Лапис Нигер. Славен од старите римјани како локација на гробот на Ромул, Лапис Нигер исто вклучува и камен блок на кој има најрани латински текст за основањето на Рим, кој датира од 5-иот век пр.н.е. Иако точното значење се уште не е јасно, текстот по се изгледа е клетва за секој оној кој ќе го оскрнави светото место.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска