Исцелувачката убавина на морето и планините на Макарската ривиера

Од:

Раскошната убавина на Макарската ривиера и суровата убавина на камена Загора ги дели и поврзува моќното Биоково. Од разиграната, ридеста висорамнина на оваа планина се нудат единствени погледи на морето.

Богатството и вистинската убавина на овој крај на југот на Далмација, сепак, ќе ги запознаете дури кога ќе му пријдете поблиску и ќе влезете во старите селца од камени куќи, ќе прошетате боси по плажите допирајќи го тиркизното море или ќе ги почуствувате мирисите на медитеранските растенија и вкусите плодовите од неговите полиња.

Не е лесно со еден поглед да се опфати сета разноликост на содржините што на своите посетители им ги нуди Макарската ривиера, Биоково и неговата заднина.

Пет работи никако не смеете да ги пропуштите кога сте во посета на Макарската ривиера.

Прво, тоа е посетата на Паркот на природата „Биоково“ и уживањето во величенствените погледи што се пружаат од многуте видиковци и планинарски патеки.

Второ, рекреацијата на некој од бројните спортски терени или сали на Макарската ривиера, шетањето по нејзините питоми патеки и опуштање во велнес центри.

Трето, излет во таинствената биоковска заднина, од градот Имотски и неговите природни бисери Модрог и Црвено езеро, до древниот Вргорц. познат по кулите и гастрономските специјалитети.

Четврто, капењето и сончањето на плажите со крупен песок од Брела до Градац, со кристално чистото море, оплеменето со слатката вода од бројните подбиоковски извори.

Петто, посетата на живописните древни мали места вгнездени под стрмите биоковски литици, чии камени куќи, црквички, кули и утврдувања раскажуваат за богатото и бурно минато на овој крај.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска