Ирска учителка не добила работа затоа што „Ирците се по природа пијаници“

Од:

Една млада учителка од Република Ирска не ја добила работата во Јужна Кореја, за која конкурирала, само затоа што по потекло е Ирка.

Кејт Малренан се пријавла на конкурс за учителка по англиски јазик во Сеул, но од агенцијата која посредувала при вработувањето, добила писмо, со кое е известена дека Јужнокорејците не сакаат да вработуваат Ирци, бидејќи тие „по својата природа се пијаници“.

Јас сум шокирана и навредена од ваквото објаснување, особено што во вакви прилики, ако не сте примени на конкурсот, обично не ве известуваат зошто така постапиле, изјави за медиумите 26-годишната Малренан.

Таа не е неискусна во обучувањето странци на англиски јазик, па веќе работела како учителка во Барселона, Оксфорд, Абу Даби, како и во самата Јужна Кореја од каде сега има приемано една ваква „навредлива порака“.

Малренан која смета дека станува збор за навреда не само за неа, туку и за сите Ирци, сепак, вели дека нема да ја напушти Јужна Креја.

– Ја сакам оваа земја, па и понатаму останувам да живеам во Сеул, изјави Кејт Малренан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина