Ирак го добива првиот национален парк – Едемската градина

Од:

Ирачките политичари одобрија план, со кој земјата ќе го добие првиот национален парк. Изборот падна на Едемската градина, место каде според Библијата живееле Адам и Ева.

Тоа подрачје го населуват голем број загрозени растителни и животински видови, поради што ирачките власти одлучиле и официјално да го заштитат тој предел.

Откако Садам Хусеин на почетокот на ’90-те со одвојувањето на Тигар и Еуфрат речиси целосно го уништи екосистемот на тоа непрегледно мочуришно подрачје, се сметаше дека непроценливото природно богатство е уништено.

Меѓутоа на сеопшто изненадување на научниците, сите видови кои со текот на годините го напуштиле тоа подрачје, досега се вратиле, вклучувајчи 278 различни видови на ретки птици.

Азам Алваш, основач и претседател на здружението „Nature Iraq“ смета дека оваа вест е од големо значење за Ирак, но и за целокупната планета.

– Фактот дека бевме подготвени да одвоиме дел од нашата земја и да ја посветиме на природата претставува најубав можен чекор напред, тврди Алваш.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска