Инстаграм го надмина Твитер по бројот на корисници

Од:

Инстрагам на својот блог објави дека се поголеми од Твитер по бројот на корисници.

Сервисот на Инстрагам достигна над 300 милиони корисници од цел свет, а компанијата тврди дека бројот на активни месечни корисници е речиси ист како и вкупниот број на корисници.

Твитер моментално има 284 милиони месечни корисници, што е 16 милиони помалку од Инстаграм.

Инстаграм во март годинава имаше околу 200 милиони корисници,  што значи дека за помалку од година бројот на корисници е зголемен за 50 отсто.

Сервисот на Инстрагам е претставен во октомври 2010 година на АјФон. Во декември 2010 веќе има еден милион корисници. На 3 април 2012 е претставен на Андроид и веќе има 30 милиони корисници. Во февруари 2013 стигнува до 50 милиони корисници, за во септември 2013 да брои 150 милиони. Во март 2014 Инстаграм објави дека има 200 милиони корисници.

Би можело да ве интересира

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он