Индија – земја што ја очекува туристички бум

Од:

Поедноставената постапка за добивање виза и заживување на најсветиот хинду град Варанаси, се само дел од планот на индиските власти за привлекување поголем број туристи во земјата.

И покрај бројните атракции, како светиот град Варанаси, снежните врвови на Хималаите, магичните плажи на сојузната држава Гоа и шармот на несекојдневната метропола, како што е Мумбај, претходните години Индија тешко успеваше да привлече големи туристички групи, пишува британскиот весник „Дејли телеграф“.

Причините за тоа се бројни, од компликуваната административна процедура за добивање туристичка виза, преку застарената мрежа железнички пруги што патувањето со воз го претвораше во авантура сама по себе, до имиџот на земја во која хигиената е многу дискутабилна тема, барем за туристите од запад. Покрај тоа, Индија дојде на лош глас и заради зачестените случаи на сексуално злоставување жени.

Заради тоа не треба да чуди што оваа земја последните години, барем кога туризмот е во прашање, е во заостаток зад азиските туристички гиганти, како што се Кина и Сингапур.

Но, таквата ситуација наскоро треба да се промени.

Индискиот премиер Нарендра Моди, победникот на неодамнешните избори, изминатите денови јасно стави до знаење дека Индија треба да смета на туризмот како на извор на приходи, и дека земјата треба да постави нови туристички цели.

Меѓу најавените проекти се најде и заживувањето на светиот град Варанаси. Во прашање е своевидно свето место, налик на сличните градови кои ширум светот привлекуваат туристи. Тоа што во случајот на Варанаси е посебно, е тоа што е во прашање најсветиот хинду град, каде во секоја пора е вткаено учењето за хиндуизмот.

Со посебно седиште за Владата и бројните Индијци посветени на учењето на хиндуизмот, ова светилиште во иднина би требало да се отвори кон луѓето од цел свет, за на единствен начин да им се долови Индија и хиндуизмот.

Премиерот Моди, исто така, ја критикуваше железницата во Индија, наведувајќи дека е потребно воведување на нов систем зо 21 век, со посовремени возови, односно систем налик на јапонскиот.

Прва видлива промена, која е многу важна за туристите, е доносувањето на новиот закон за визи, што на сила стапува на 1 октомври. Според него, туристите ќе можат да добијат виза по влезот во земјата, и тоа со значително поедноставена процедура.

-Новите правила за виза земјата ќе ја отворат за бројни посетители и ќе им овозможат да ја посетуваат Индија на пократок временски период, а да не мораат да пројдат низ административен пекол, изјави Накул Ананд, извршен директор на синџирот елитни хотели ИТЦ.

„Влегуваме во нова ера од развојот на Индија. Мислам дека не очекува туристички бум“.

Кејти Парсонс, претставничка на туристичката компанија „“Cox&Kings“ со традиција на делување во Индија долга два века, најавените промени ги опишува како „многу позитивен напредок“ што треба да го олесни доаѓањето на туристите во Индија.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска