Илон Маск изјави дека во еден момент го контактирал Тим Кук од Епл околу продажба на неговата компанија за автомобили Тесла на Епл, но Кук ја одбил зделката, пренесува Гардијан.
Тој наведува дека во најтешкиот период на развојот на Моделот 3, сакал да ја продаде компанијата што ја основа за една десетина од сегашната вредност.
Коментарот на Маск следеше по извештаите дека „Епл“ работи на производство на електричен автомобил со напредна технологија на батерии. Многумина, вклучувајќи го и Муск, ја доведоа во прашање таа технологија.
Оваа изјава на Маск не е изненадувачка – во 2013 година, барајќи можност да ја спаси компанијата, Маск потпиша договор со Гугл за купување на Тесла. Маск тоа го наведе во својата биографија во 2015 година.
„Епл“ од 2014 година преку „Проектот Титан“ се обидува целосно и од почеток да развие сопствено автономно возило, а во најновите извештаи се наведува дека автомобилот на крајот сепак можеби ќе биде произведен од надворешен индустриски партнер.