Идната година небото може да го осветли комета, посјајна од Месечината

Од:

Неодамна откриената комета 2012 S1, според проценката на астрономите би требало на крајот на 2013. или на почетокот на 2014. година да го осветли небото.

Оваа комета во моментов може да се види само со моќен телескоп и изгледа како точка во созвездието на Ракот.

Астрономите велат дека таа може да биде една од најсјајните комети некогаш видени од Земјата. Кометата уште сега е сјајна, иако е многу оддалечена од Сонцето.

Научниците проценија дека е широка околу 3. километри и дека ќе прелета толку блиску до Сонцето што од Земјата ќе изгледа многу посјајна отколку Месечината.

Астрономите сеуште не се сигурни од каде потекнува оваа комета.

Нејзината орбита укажува дека кометата „избегала“ од надворешната граница на Сончевиот систем, односно од Ортовиот облак, претпоставениот сферен облак на кометата.

Кометата во моментов се наоѓа на околу 990. милиони километри од Земјата, помеѓу орбитите на Сатурн и Јупитер.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата