Меѓународната консултантска компанија Дар ал-Хандасах груп е „одговорна“ за дизајнот на најголемиот хотел во светот кој се очекува да биде отворен следната година во Мека.
Хотелот ќе има 10.000 соби и 70 ресторани. Зданието наречено Абраџ Кудија чини 3.13 милијарди евра и има вкупно милион квадратни метри – 10.000 соби, 70 ресторани, трговски центар, раскошна свечена сала.
Хотелот финансиран од саудиското Министерство за финансии, се гради на само два километра од Масџид ал-Харам, најголемото муслиманско светилиште кое годишно го посетуваат опколу пет милиони муслимани. Пет спрата од хотелот се резервирани за одмор на саудиското кралско семејство.