Идентификуван нов мирис кој никој не го помирисал

Од:

Научниците изолирале „олфакторно бел“ мирис кој е составен од мешавина на повеќе од 30 различни мириси со слаб интензитет, а испитаниците го опишале како умерено пријатен и како мирис на нешто што можеби се јаде.

Новиот мирис за сега може да се помириса единствено во лабораторијата, а научниците од израелскиот Институт Вајсман тврдат дека тој е „олфакторно бел мирис“ кој успеаа да го изолираат со еквивалентни бели шумови, мешавина на позадинска врева од ниска фреквенција, пишува „The Examiner“.

Тајната на белиот мирис не е во состојките кои го сочинуваат, туку во тоа што тие состојки се многу, известија научниците. Речиси секој мирис во светот се појавува како резулат на спојување на неколку мириси, а луѓет се многу добри во разликувањето на индивидуалните компоненти на тие мириси.

Научниците до откритието на белиот мирис дојдоа со изложување на волонтери на стотици различни мириси од кои некои се состоеле само од неколку состојки, а други содржеле и до 43 состојки.

Открија дека два различни мириси кои имаат над 40 различни состојки од кои ни еден не е идентичен, наликуваат еден со други повеќе отколку мирисите со помалку состојки од кои некои се идентични. Таа комбинација на бројни мирисни состојки го нарекоа бел мирис. После неколку дена на доброволците им дадоа меѓу бројните мириси да идентификуваат бел мирис, а нтие тоа го направиле со голема точност.

Заклучиле дека белиот мирис е реален и дека го сочинууваат мирисите кои се наоѓаат на работ на олфакторниот спектар како мешавина на повеќе од 30 мириси со низок интензитет. Испитаниците мирисите ги опишале како умерено пријатни, како и просечно „јадлив“.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски