И во САД ќе се организираат трки со бикови

Од:

Организаторите на настанот „The Great Bull Run“ планираат трки со бикови во оградени патеки во неколку американски градови, за да може адреналинските зависници да ја почувствуваат возбудата од ваквата манифестација од шпанскиот град Памплона.

Трките треба да почнаат на 24 август во Ричмонд, во Вирџинија. Следниот настан е планиран за 19 октомври во Атланта, а подоцна и во Тексас, Флорида, Калифорнија, Минесота, Илиноис и Пенсилванија.

Трките со бикови, во кои учесниците трчаат пред биковите кон арената, вообичаени се за Шпанија и привлекуваат бројни контроверзи, бидејќи учесниците често се повредуваат, а некои и смртно настрадаа. Од друга страна, тука е и проблемот со третирањето на биковите кои се користат за трката и нивниот трагичен крај во арената.

– Повеќе од пет илјади луѓе веќе се пријавија за трката во Ричмонд, а бројот секојдневно расте, наведува Роб Дикенс, коосновач и главен оперативен директор на трката. Секоја трка ќе трае еден ден, за разлика од фестивалот во Памплона, каде трките се оддржуваат секое утро во текот на седум дена.

Славниот американски писател Ернест Хемингвеј оваа манифестација ја опиша во својот роман „Сонцето повторно се раѓа“ од 1926 година, што на фестивалот му помогна да стане познат ширум светот и на тој начин да привлече бројни туристи.

На фестивалот Сан Фермин во Памплона секоја година се повредуваат десетици лица, главно по сопнување и паѓање. Биковите, од почетокот на водењето евиденција во 1924 година, убиле 15 лица. Минатиот месец биковите со своите рогови повредија Американец и Австралијанка.

Организаторите на американските трки планираат да вклучат неколку сигурносни додатоци за трката да ја направат поинаква од шпанската. За разлика од трката во тесните и камени шпански улици, американските трки ќе се одвиваат во оградени патеки со безбедни места и засолништа, за учесниците да можат навреме да се тргнат од опасноста.

Сите бикови кои ќе учествуваат во трката ќе мораат да бидат целосно здрави, а организаторите нема да користат шпански борбени бикови, туку многу помирни раси.

Биковите ќе бидат пуштани во група од шест животни, што на луѓето и животните ќе им даде подбра можност безбедно да ја завршат трката.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска