Хуманитарна забава за скопската Зоолошка градина во клубот „Сектор 909“

Од:

Летниот ноќен клуб „Сектор 909“ по две години пауза, в среда, на 21 јуни, повторно ќе ги отвори вратите за својата публика, што е трето летно отворање на клубот, кој се наоѓа на старата локација под скопското Кале.

Согласно традицијата, оваа ноќна забава ќе има хуманитарен карактер, како и претходните отворања. Имено, собраните средства од хуманитарната забава ќе бидат наменети за скопската Зоолошка градина.

Во 2012 година клубот на Зоолошката и го донираше пони коњчето Флекица, дресирано пред се, за помош на деца со аутизам, но кое исто така можат да го јаваат и сите деца што ќе посакаат. Веќе следната година клубот успеа да собере средства за комплетна опрема за ваков вид деттска рекреација.

На хуманитарната забава в среда ќе настапат македонските артисти Гоце САФ, Соња Исмаил, Дарко Марковски и групата „Кантон 6“. Влезот чини 150 денари.

Во четврток ќе се одржи забава со Ди-Џеј Чваре и Нонадаз. В петок ќе настапат Маци и Узун Баба, а веќе во сабота ќе настапи и првиот гостин од странство за оваа летна сезона, Такаси Накаџима од Јапонија.

Би можело да ве интересира

Во зоолошката во Загреб угина нилски крокодил, бил таму повеќе од 50 години

А1он

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

Новиот директор на ЗОО тврди: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа

ЗОО Скопје добива 7Д Кино

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова туристичка атракција во Скопје – отворен е новиот Дино парк

Ана Ололовска