ХТЦ по М7 најавува уште два нови модели

Од:

Тајванскиот производител ХТЦ планира во 2013 година освен моделот М7 да претстави уште два нови уреди со кодни имиња М4 и Г2.

Моделот М4 ќе биде со послаби карактеристики во споредба со моделот М7. Тој ќе поседува 4,3 инчен дисплеј со резолуција од 720 пиксели, 1,2 Гигахерци дуалкор Снепдрагон процесор, 2 ГБ РАМ, камера од 13 мегапиксели и батерија со 1.700 милиампер часа.

Г2 треба да претставува достапен уред со 3,5 инчен дисплеј, 1.0 гигахерци АРМ Кортех процесор, 512 МБ РАМ и батерија од 1.400 мАч.

Двата уреди на пазарот се очекува да се појават напролет.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска