Хрватската ривиера со цени како на Азурниот Брег

Од:

Годинава на Јадранот се очекуваат дваесетина отсто повеќе туристи отколку лани, но повеќето се жалат на скапотијата, особено во шпицот на сезоната.

Бројките за доаѓањето на српски туристи на Јадранското Море се далеку од оние од пред 25 години, така што и ова лето само околу 7.000 туристи ќе летуваат од Умаг до Дубровник, најчесто во Истра и на островите.

Кога станува збор за безбедноста, состојбата е многу подобра отколку претходно, но не на сите делови на Јадранот.

Гостите од Србија можат да бидат многу помирни доколкусе одлучат за Истра и Кварнер отколку за задарското подрачје. Безбеден е одморот и во Дубровник, на Хвар и во Опатија, но таму е и најскап. Овие три бисери на хрватскиот туризам ги кренаа цените како да сте на Азурниот Брег, па е речиси невозможно да се најде сместување во екот на сезоната под сто евра.

Ниту рестораните не се поевтини, бидејќи ручек или вечера за двајца исто така се сто евра, па во конкуренција со Јадранот и Италија веќе не е скапа.

– Гостите од Србија се добродојдени и штета што веќе не се работи на рекламирањето на Јадран кај соседот, велат во Туристичката организација на Ровињ.

– Вон сезона цените се многу поповолни, а и кога одморот се резервира во последен момент, напоменуваат од оваа организација.

Ровињ сега има хотели со пет ѕвезди, како што се „Лоне“ и „Монте Мулини“, каде во сезона ноќевањето чини речиси 300 евра. Во старата дама на хрватскиот туризам – Опатија, и покрај високите цени, гостите од Србија често доаѓаат. Станува збор и за оние кои со години се навикнале на овој дел од Јадранот, но скапотијата оваа година избрка и многусрпски туристи од Кварнерот, а слично се случува и на Хвар.

– Хвар стана топ дестинација и цените се формираат според богатите гости, велат во Туристичката заедница на Хвар и додаваат „Има се помалку хрватски туристи, па дури ниту Словенците, кои имаат највисоки плати во овој дел на Европа, веќе не доаѓаат на Хвар“.

За хрватските туристички работници се поголем интерес е на Јадран да се вратат гостите од Србија, бидејќи се покажа дека полните капацитети во највисоката сезона не се доволни за добри резултати. Затоа интерес е да се привлечат гости од регионот вон сезоната, па се подготвуваат бројни проекти.

На Кварнер размислуваат за понуди за гости од Србија, што би вклучувала море и шопинг.

– Додека цените дивеат, а тоа сега се случува, тешко дека гостите од соседството ќе доаѓаат, предупредуваат туристичките претставници.

Оваа година Јадранот е поскап за дваесетина отсто, а некаде и повеќе и наскоро ќе не заобиколуваат и богатите гости од Европа и Русија.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска