Феноменот, кој во голема мера го измени Интернетот, но и реалниот живот, се одразува и на патувањата.
Селфи фотографирањето стана мошне популарно на одморите, така што хотелите почнаа да се натпреваруват што е можно подобро да го искористат овој тренд.
Од одмаралиштата на Карибите па до брегот на Австралија, голем број хотели ги поттикнуваат гостите да се фотографираат во нивните капацитет, нудејќи им награди.
На пример „Ла Конча Ресорт“ во Порторико моментално промовира „Авантуристички селфи пакет“, достапен меѓу мај и август, по цена од 179 долари за ноќевање. Во цената е вклучен и попуст за посета на фабриката за производство на рум, „Бакарди“.
Гостите се поттикнуваат да направат серија селфи на локации на тврдината Сан Фелипе дел Моро од 16. век, со надеж дека ќе го тагуваат хотелот или за него ќе пишуваат на социјалните мрежи. За возврат можат да се надеваат на наградата од неколку бесплатни ноќевања.
Хотелот бира по еден селфи за секој од четирите промотивни месеци, а секој фотограф добива три дополнителни ноќевања. Хотелот дури и објави инструкција за гостите: „Бидете креативни кога снимате селфи. Во постот тагирајте Ла Конча ресорт, на Фејсбук, Инстаграм или Твитер“.
Оваа не е единственото одмаралиште, кое сака да ги искористи трендовите. Во Портланд, најголемиот град во американската држава Орегон, хотелот „Модера“ одржува натпреварување во селфи во текот на мај.
Гостите, кои веќе резервирале сместување, можат да предложат свој селфи за награда – уште едно ноќевање или вечера за двајца во хотелскиот ресторан „Нел Центро“.
Исто така хотелот „1888“ во Сиднеј објавува: „Ние сме првиот Инстаграм хотел на светот!“. Тој има дел во лобито наречен „селфи простор“, во кој гостите можат да фотографираат нови насмеани лица и да ги тагуваат фотографиите со „#1888Hotel“.
Фотографиите на Инстаграм веднаш се појавуваат на големите екрани кај пултот за рецепција. Оние кои имаат повеќе од десет илјади приврзаници на Инстаграм можат да поминат бесплатно една ноќ во хотелот до крајот на оваа година.