Хотел во Финска бара „ професионален спијач“

Од:

 Еден фински хотел објави оглас во кој бара „професионален спијач“.

Како што пренесуваат медиумите во оваа земја, управата на хотелот „Фин“, во центарот на Хелсинки, објаснила дека спијачот ќе биде задолжен во токот на 35 дена да ги тестира хотелските соби и своите забелешки да ги стави на блог.

На оваа идеа дошол  менаџерот на хотелот, Тио Тика, кој смета дека тоа ќе биде добра реклама за неговиот угостителски објект, што неодамна комплетно е реновиран.

Тој навел дека за тоа работно место е потребно „динамично лице, кое знае да пишува занимлив блог“ за секојдневните искуства во хотелот што нема ни бар, ни ресторан.

Од лицето се бара течно да зборува фински и англиски јазик, а пожелно е и познавање на рускиот јазик.

Почетокот на работата е планиран за 17 мај, а пријавите ќе се примаат до крајот на април.

До сега свои молби испратиле повеќе од 600 искусни спијачи.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска