Хотел што над шест децении не примил ниту еден гостин

Од:

Италија е позната по вкусните тестенини, пици, брегот, мафијата, католиците, убавата внатрешност и дисфункционална политика. Но, исто така, таа е и дом на еден „хотел на духови“.

Повеќето луѓе никогаш не слушнале за „Гранде Хотел де Калогеро“. Станува збор за хотелски комплекс на Сицилија на кој со децении се изведуваат градежни работи и никогаш немал ниту еден гостин. А приказната за овој хотел дава совршен увид во италијанската состојба на пазарот на недвижнини.

Италија има околу 670 делумно завршени, но никогаш отворени градби. Сите тие како да „седат“ на место и чекаат подобро утре. Вкупната вредност на овие недвижнини е проценета на 2.8 милијарди долари, но неопходно е и во нив да се инвестираат (околу 1.5 милијарда долари), за да се довршат градежните работи. Затоа најголема е шансата да останат во состојбата во која се.

Доколку зборуваме за „Гранде Хотел де Калогеро“ на Сицилија, не може да се каже дека многумина не се труделе да го придвижат од мртва точка. Имено, првобитно бил отворен пред 61 година.

Иако двапати е обновуван и доживеал четири големи отворања, овој хотел со 300 соби никогаш не примил ниту еден гостин. Нималку не чуди тогаш што со времето станувал само позапуштен.

На прв поглед, на овој хотел како да му бил суден успех. Сместен е на врвот Монте Крониа, 400 метри високата планина која претставува дом на древната базилика во која се наоѓа светилиштето Св. Калогера, светец од 16 век. Планината, инаку, е дел од парк на природата, па од овде се протега поглед врз километри и километри природа, а кратката прошетка од хотелот води до познатите терми.

Првите градежни работи на хотелопт почнале во 1954 година. После 30 години работи врз него, во 1984 година конечно се било довршено. Или барем така се мислело. Најголем проблем бил тоа што немало провизија за менаџерската позиција, бидејќи проектот го финансирала Сицилија, па откако првиот пат хотелот бил прогласен за „готов“, се чекале и чекале работници кои ќе го водат и сервисираат потенцијалните гости.

По неколку статични години, властите на Сицилија го презеле водството над оваа недвижнина, која помалку почнала да скапува и, по неколку годину поправки, во 1993 година повторно го отвориле хотелот.

Но, наскоро било откриено дека системот за одвод бил лошо направен, па било одложено примањето гости.

Локалната корпорација која е основана за да го води хотелот, на крајот од регионалната влада добила 874.000 долари и изградила луксузен систем за одвод, па во 1998 година хотелот уште еднаш бил отворен (овој пат уште повеличествено), за исто толку брзо и да биде затворен. Овој пат причините за затворањето останале помалку нејасни.

Последниот обид за отворање се случил пред 15 години, кога водењето на хотелот го презела нова корпорација инвеститори. Тие планирале хотелот да го спојат на комуналниот систем за одвод, но регионалниот совет не ги поднел соодветните хартии за проектот, па уште еднаш било одложено отворањето.

И покрај инвестициите и времето, после 61 година, „Гранд Хотел Сан Калогеро“ и натаму е напуштен, па има се помалку шанси дека некој ќе се впушти во обид за ново отворање, пишува „Фортуне“.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска