Хонг Конг го загуби шармот во очите на Кинезите од континентот

Од:

БТА – Софија

Кога била тинејџерка, Наоми У често одела на шопинг во Хонг Конг. Но оваа млада Кинезинка веќе одамна ја избегнува поранешната британска колонија, која 20 години по враќањето на Пекинг изгуби голем дел од привлечната сила во континентална Кина.

Облека, шминка, дамски чанти. Наоми У и нејзините пријателки едно време ги опседнувале прочуените хонгконшки продавници во Азија. Денес девојката, која живее во модерниот јужен град Шенжен, кој граничи со Хонг Конг, си има друго мислење.

– Кинеските производи веќе се исто толку добри или дури и подобри, смета 23-годишната програмерка. – Во континентална Кина сега има полно добро направени молови и нови згради, без да ги наведуваме новите линии на метрото и парковите. Шенжен изгради повеќе облакодери минатата година од САД и Австралија заедно, наведува таа.

На 1 јули Хонг Конг ја одбележа 20-годишнината од враќањето во составот на Кина. Но, територијата се повеќе и повеќе живее во сенката на Кина, која во меѓувреме прерасна во светска трговска и културна сила.

Затоа што од 1997 година, Пекинг и Шангај многу се сменија. Таму веќе има разновидност од бароци, ресторани, трговски центри и индустриски квартови, кои можат да се мерат со хонгконшките.

За две децении, Кина се издигна за пет места и стана втора економија во светот. Во истото време, поранешната британска колонија постепено падна од 24-то на 33-то место.

А кинеските потрошувачи веќе можат да нарачаат речиси се од троседот преку смартфон благодарените на огромниот подем на онлајн трговијата.

Таа појава директно се одразува на туризмот во Хонг Конг – бројот на посетители од континентална Кина е во траен пад (минус седум проценти во 2016 за само една година).

Со намалувањето на економската пропаст во Хонг Конг расте и негодувањето против наводната „континентијализација“ на автономната територија, каде Кина го засилува своето влијание во трговијата, политиката, образованието и медиумите.

Некои ја обвинуваат Кина дека го зацврстува притисокот врз Хонг Конг, го поткопува неговиот идентитет и неговите слободи. Во 2014, илјадници демонстранти минаа по улиците на градот со барање за демократски придобивки од централната влада во Пекинг.

Таквата состојба се одразува на континенталните кинески туристи, кои се сметаат за недобродјодени од хонконгжанте и тие веќе не се чувствуваат добродјдени на таа територија.

– Трошиме многу пари, но тие не не сакаат, вели Наоми У која била шокирана кога слушнала остри критики во хонгконгшкото метро на нејзиниот последен престој таму.

– Ситуацијата е многу поразлична од претходно. Луѓето по улиците ме гледаат накриво, пишува потрошувачката Џенифер Лу на кинескиот сајт за прашања и одговори Џехуа.

– Информацииите од Хонг Конг на кои налетувам веќе ми се чинат чудни и полни со непријателство, додава таа.

Но, во Хонг Конг всушност има нешто пто жителоите на континентална Кина го немаат: значителни слободи. Согласно принципот „Една земја, два системи“ воведен во 1997 година за следните 50 години, малата автономна територија со површина од 100 километри квадратни располага со, на пример, слобода на говорот и независно правосудство.

Илјадници Кинези „од внатрешноста“ продолжуваат да го посетуваат Хонг Конг секоја година од различни причини: квалитетот на образованието, недвижности, можности за кариера, почист воздух, поздрава храна и сонот за добивање на хонгконгшки пасош кој е полесен за патување.

– Привлечноста на Хонг Конг за Кинезите од континентот се намалува, но многумина се уште сакаат да одат таму да живеат, затоа што наоѓаат посигурна средина. Тие се уште сакаат да живеат во слободно општество, изјави медиумскиот експерт од Пекинг, Џао Му.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска