Холадското списание „DJ Broadcast“ најави серија на документарци кои се занимаваат со современата култура.
„Создаден е во 2000-та година како протест против режимот на Милошевиќ. Овој Фестивал сеуште игра важна улога во развојот на културниот живот во Србија“, се вели во соопштението по повод премиерата на филот посветен на EXIT.
„Иако најголемите музички ѕвезди секоја година свират на тврдината, Фестивалот никогаш не стана потполно комерцијален настан и сеуште се темели на почетните идеи и уверувања на организаторите“.
За прв пат организаторите на Фестивалот ја раскажуваат својата лична приказна, токму во овој документарец.
„Беше инспиративно и возбудливо да се поминат две недели во Србија. Сметавме дека е важно да се раскаже приказната за луѓето од Фестивалот EXIT, кои и ден денеска се борат за тоа во кое веруваат. Меѓу овие луѓе сфативме колку е важно тоа што тие го прават и ни беше чест со овој документарец, тоа да го покажеме. Исто така шокирани сме што никој претходно не го направил ова“.
Фестивалот EXIT ќе се одржи од 12-ти до 15-ти јули.