„Хjуавеи“ со нов обид да го покори американскиот пазар

Од:

Американскиот пазар продолжува да биде важна цел за вториот по големина производител на смартфони во светот – кинескиот гигант „Хјуавеи“. Компанијата се очекува да додаде уште 200 луѓе во својот американски тим.

Минатата година „Хјуавеи“ беше многу блиску до договор со телеком операторот „Eј-Ти-Енд-Ти“ за продажба на смартфонот Mејт 10 во САД, но во последен момент партнерството пропадна поради интервенција на владата.

Властите во САД препорачаа на локалните мобилни оператори да се воздржат од партнерства со кинеските производители на смартфони и телеком опрема со образложение дека компании како „Хјуавеи“ се занимаваат со шпионажа во корист на кинеската влада.

Сепак, „Хјуавеи“ не се откажува од своите планови за освојување на американскиот пазар. Во моментов за компанијата таму работат 1.200 вработени, но во блиска иднина нивниот број ќе се зголеми за уште 200 лица, според кинески извори.

„Хјуавеи“ е еден од пионерите во петтата генерација мрежна технологија и ветува дека ќе пушти паметен телефон со поддршка од 5G наскоро. Ова исто така го предодредува силниот интерес на компанијата за американскиот пазар, каде локалните телекоми се блиску до пуштање на употреба на 5G мрежите.

Но, сето тоа зависи од волјата на владата на САД – дали е подготвена да го промени својот став кон производите на кинеските компании во услови на ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво