Најголемиот хотел во Њујорк, Њујорк Хилтон Мидтаун од ова лето ќе ја укине услугата во соба.
Од ова лето хотелот на своите две илјади соби повеќе нема да им го нуди т.н. рум срвис.
Ова не е првиот Хилтон хотел, кој одлучил на своите гости, кои понекогаш сакаат да каснат нешто навечер во својата соба да им го ускрати тоа задоволство. Хилтон Хаваиан Хонолулу престана да ја нуди оваа услуга во октомври 2012 година.
– Како и повеќето хотели, кои нудат услуга во соба Њујорк Мидтаун бележи пад во побарувачката на оваа стандардна услуга изминатите години, изјави портпаролот на хотелот.
Цената на услугите во собите во Њујорк чини 57 долари, судејќи според истражувањето на сајтот ТрипАдвајзр. Во прашање не е најскапата услуга во соба во САД – услугата во соба во Хонолулу и во Лас Вегас во просек чини 65 долари.