Хилари Клинтон е претседател на САД – само на „Ибеј“

Од:

Поддржувачите на Хилари Клинтон имаат можност да купат посебно печатено издание на „Њузвик“ кое требаше да биде објавено во случај на победа на демократската кандидатка на американските претседателски избори.

Фотографиите со порака на Клинтон и написот „Госпоѓа претседателка“, протекоа пред изборите на 8 ноември.

„Њузвик (Newsweek) брзо се дистанцира од тоа издание, наведувајќи дека под негова лиценца го објавиле Топикс медија (Topix Media).

Изданието „Госпоѓа претседателка“ набрзо беше повлечено по поразот на Хилари Клинтон, но неколку стотици примероци се продаваат на Ибеј.

Цената варира – некои се продаваат за 200 долари, а за еден примерок е одредена цена од 9.995 долари.

Би можело да ве интересира

Хилари Клинтон го спореди Трамп со Хитлер: Тој ќе стави крај на демократијата во САД

Трамп и неговите адвокати казнети со речиси еден милион долари за тужба против Клинтон

Ана Ололовска

Клинтон: Колку помалку руски војници во Украина толку помалку силувани и убиени жени

Ана Ололовска

Хилари Клинтон нема повторно да се кандидира за претседател на САД

Хилари Клинтон заразена со коронавирусот

Ана Ололовска

Поранешна соработничка на Хилари Клинтон обвини американски сенатор дека сексуално ја нападнал

Ана Ололовска