Хигиеничар на аеродром пронашол злато, но не може да добие награда поради неговиот договор

Од:

Хигиеничар вработен на меѓународниот аеродром „Инчон“ во Јужна Кореја во канта за ѓубре пронашол вистинско богатство, но најверојатно нема да добие ништо.

Тој пронашол седум златни прачки вредни 330.000 долари додека празнел една канта за ѓубре. Прачките биле завиткани во весник и секоја била тешка по еден килограм, а полицијата се сомнева дека некој ги фрлил во страв да не биде фатен.

Но, засега не постојат докази дека златото е поврзано со криминални активности.

Во почетокот се мислело дека чесниот пронаоѓач ќе добие дел од вредноста на она што го открил, но управата на аеродромот соопшти дека хигиеничарот не може да добие награда бидејќи златото го пронашол додека бил на смена, а во описот на неговото работно место стои и пронаоѓање на изгубени работи.

Јужна Кореја има специфичен закон со кој се регулираат односите кога станува збор за пронајдени работи чија сопственост не е позната.

Според овој закон доколку сопственикот не се појави во период од шест месеци, пронаоѓачот ја презема сопственоста. Меѓутоа, ова не се однесува на вработени кои пронашле работи во рамките на компанијата во која работат.

Иронично пронаоѓачот да не бил вработен на аеродромот можел да добие меѓу пет и 20 отсто од вредноста на пронајденото злато, односно максимална сума од 65.000 долари.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски