На една од плажите во местото Спрекелсвил на Хавајските Острови се издига прекрасна куќа за одмор, чија вредност е проценета на 9,5 милиони долари.
Куќата, која овозможува импресивен поглед кон океанската шир, има три спални соби и нуди серија можности за забава на отворено.
Првиот кат на куќата е целосно отворен, со 16 столбови кои го раздвојуваат просторот и го „носат“ вториот конзолен кат.
Фасадата на куќата и подот на верандата се изработени од травертин, додека покривот, прозорците и гражната врата се од бакар.
Совршеното опкружување на куќата го надополнуваат бујната вегтација, неколкуте рибници, како и блискиот океан.