Hasta la vista за Терминатор

Од:

Терминаторот, познатиот киборг кој што патува низ времето, по се изгледа нема да се враќа повторно во кината. Извори блиски до студиото „Парамаунт“ кажуваат дека е откажано планираното снимање на шестиот филм од франшизата.

Како што пренесува „Њујорк дејли њуз“ готово е со Терминаторот и Арнолд Шварценегер, кој што ја играше главната улога во овие филмови.

Последниот филм од оваа франшиза „Терминатор: Џенесис“ излезе во 2015. година и заработи околу 400 милиони долари, но очигледно тоа не било доволно.

„Џенесис“ бил сметан за филм со кој што сакале да ја оживеат франшизата, но критичарите не биле воодушевени, а шефовите на студиото се обезхрабриле од снимање на продолжение, пренесува „Њујорк дејли њуз“.

Шварценегер прв пат го глумеше Терминаторот во 1984. година, а таа улога го направи светска ѕвезда. Улогата ја повтори и во 1991. година во филмот „Судниот ден“ и во 2001. во продолжението „Бунт на машините“.

Поранешниот гувернер на Калифорнија имаше мало појавување во четвртото продолжение на франшизата во 2009. година во филмот „Спасение“, за повторно да се врати во главната улога во филмот „Џенесис“.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата