Харви Вајнштајн од болница повторно е вратен во затвор

Од:

Харви Вајнштајн е префрлен во државниот затвор во Њујорк еден ден пред неговиот 68-ми роденден, за да ја одлежи 23-годишната затворска казна за силување и сексуален напад.

Поранешниот филмски магнат, чија осуда стана симболика на движењето МиТу (#MeToo) се наоѓа во затворот Венд. Сепак ова нема да биде неговото постојано место за издржување на казната. Во затворот ќе бидат проценети неговите здравствени и други потреби и каде ќе биде преместен.

Вајнштајн веќе има затворски број, 20Б0585.

Портпаролот на Вајнштајн го опиша овој потег како суров.

Харви Вајнштајн беше прогласен за виновен од поротниците на 24 февруари. Неговата казна му беше изречена на 11 март. Оттогаш, тој поминуваше време во затворот Рикерс и болницата во Белви, поради проблеми со срцето и висок крвен притисок.

Би можело да ве интересира

Харви Вајнстин има леукемија

Вајнштајн однесен во болница по враќањето во затворот во Њујорк

Документи за Епстин: „Принцот Ендру добиваше секојдневни масажи“

Харви Вајнстин прогласен за виновен и на второто судење за силување

ВИДЕО: На Вајнстин сепак ќе му се суди за силување во Лос Анџелес

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вајнстин се изјасни за невин за силувањата во Лос Анџелес

Ана Ололовска