Хари имал расправија со неговиот татко на денот на погребот: „Меган не е добредојдена“

Од:

Принцот Хари имал расправија со неговиот татко, кралот Чарлс на денот на смртта на кралицата Елизабета.

Имено, Хари одбил да вечера со кралот Чарлс и принцот Вилијам во Балморал по расправијата со неговиот татко на денот кога починала кралицата Елизабета Втора.

Наводно, Чарлс и забранил на сопругата на Хари, Меган Маркл, тој ден да му се придружи на ужаленото кралско семејство бидејќи тоа не било соодветно.

„Чарлс му кажа на Хари дека не е во ред Меган да биде во Балморал во толку важно и тажно време“, рече извор близок до кралското семејство.

Како што тврди изворот, му било кажано дека на Балморал нема да биде ниту Кејт Мидлтон.

“Му беше нагласено дека и Кејт нема да биде таму и дека ќе биде подобро присутните навистина да бидат ограничени на најблиското семејство. Чарлс многу, многу јасно кажа дека Меган нема да биде добредојдена”, додал изворот.

Британските медиуми пишуваат дека поради таа расправија Хари најверојатно го пропуштил летот со кој принцовите Вилијам, Ендру и Едвард отишле за Шкотска. После тоа, Хари наводно одбил да вечера со Чарлс, Вилијам и Камила и наместо тоа јадел со војводата од Јорк и грофот и грофицата од Весекс.

Би можело да ве интересира

Новата серија на Меган Маркл на Нетфликс веќе предизвикува контроверзии: Обвинета е дека ја копира Кејт

Предраг Петровиќ

Кралот Чарлс во божиќното обраќање повика на национално единство: „Примерот што го дал Исус е безвременски и универзален“

А1он

Меган Маркл и принцот Хари се договорија да тргнат по својот пат

А1он

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

И кралицата Камила зема одмор и повремено се повлекува од должностите

А1он