Хамамет – туниски Сен Тропе

Од:

Хамамет е туристички град сместен меѓуградовите Сус и Тунис, главниот град на истоимената држава. Тој е најпознатото и најпопуларното одмаралиште, сликовит и модерен град и вистинско место за одмор, забава и шопинг, поради што е познат и како туниски Сен Тропе, односно Монако.

Градот се гордее со прекрасните километарски песочни плажи, кои во текот на сезоната овозможуваат романтични доживувања во интимни простори.

Во градот ќе ја пронајдете раскошната Медина, реплика на стариот град, со шаренолики тезги со рачно изработена роба, зачини, маурски кафеани, ресторани и богат избор на ноќен живот.

la-ville-d-hammamet_12

Новиот дел на Хамамет се нарекува Џасмин, а оддалечен е десет километри од стариот град. Идеален е за оние кои сакаат релаксација на самата плажа. Тоа е всушност новата туристичка и хотелска зона, која изникна во изминатите пет години, а и натаму се развива.

Повеќе од 40 илјади легла се сместени во десетина модерни хотели и апартмански комплекси со виден печат на маварско арапскиот архитектонски стил, кои се распоредени долж три километарската плажа.

Во туниските традиционални продавници во Хамамет можете да купите различни сувенири, традиционаолна туниска, но и модерна облека, керамички предмети, накит од сребро и злато, предмети изработени од бакар, наргилиња. Светски познати се традиционалните рачно исткаени теписи од Каироуан. Тие се украсени со различни мотиви, кои имаат потекло од номадските шатори.

Ценкањето е култура, така што треба да се ценкате и во продавниците, каде се истакнати цени.

Историја

Во 1. век на местото на денешен Хамамет постола населбата Пупут, која станала римска колонија еден век подоцна. Во 13. век градот го опкружувале ѕидини, а Медина е изградена во 15 век. Потоа градот паднал во рацете на Шпанците, а потоа и под турска власт. Во Втората светска војна градот бил едно од седиштата на генералот Ервин Ромел.

Услуги и цени

Десетдневен аранжман чини 275 евра, ручек десет евра, вода од еден литар 0,75 евра, пиво 1,5 евра, а вино три евра.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска