Гужвана пита со сирење

Од:

Брза и превкусна …

Потребно е:
500 гр кори за пита
400 гр сирење
400 гр кисела павлака
3 јајца
сол

Подготовка:
– Тавата за печење премачкајте ја со малку растопен маргарин и ставете две кори, но не да бидат згужвани.

– Останатите кори згужвајте ги како хармоника и редете ги една покрај друга. Прелијте ги со растопен маргарин и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени само 10-тина минути, додека не добијат малку боја.

– Во еден сад издробете го сирењето и додадете ги јајцата, киселата павлака, посолете по вкус (во зависност од соленоста на сирењето) и измешајте убаво.

– Распоредете ја горната смеса над запечените кори и допечете ja питата на 180 степени уште околу 25 минути.

– Печената пита оставете ја малку да се излади, исечете ја на парчиња и послужете ја со кисело млеко во прилог.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска