Многу декоративен начин на сервирање на гулаш …
Потребно е:
за корпичките од тесто:
250 мл млеко
25 гр свеж квасец
1/2 лажиче шеќер
1 лажиче сол
100 мл масло
1 жолчка
за гулашот:
500 гр брашно
1 кг јунешко месо од врат
5 главици кромид
2-3 чешниња лук
1 свежа лута пиперка
сол и бибер, по вкус
1 лажиче лута мелена црвена пиперка
1 лажиче блага мелена црвена пиперка
1 лажица мелен сув зачин
2 моркови
Подготовка:
– Прво почнете со подготовка на гулашот. Ситно исецкајте ги кромидот, лутата пиперка и морковите.
– Пропржете го кромидот на масло, а потоа додадете ги пиперката и морковите.
– Потоа додадете го и месото исечено на коцки и динстајте 15-тина минути. Додадете сол, бибер, мелениот сув зачин, слатката и лутата црвена пиперка. Убаво измешајте и сипете вода.
– Оставете да се вари на умерена температура околу 2 часа.
– На самиот крај додадете го сецканиот лук.
– Додека се вари гулашот подгответе ги корпичките од тесто. Во еден сад ставете половина од 250 мл млако млеко, коцката квасец, 1/2 лажиче шеќери и 1 лажиче сол и оставете го на топло да стаса.
– Во друг сад ставете ги брашното, преостанатото млако млеко, маслото, жолчката и стасаниот квасец и замесете глатко тесто. Оставете го на топло 15-20 минути да нарасне.
– Тестото ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го со сукало. исечете го на тенки ленти. Земете по две ленти и замотајте ги како на сликата. На долниот дел од корпичката ставете едно округло парче тесто.
– Готовите корпички наредете ги во тава обложена со хартија за печење и премачкајте ги со изматена белка.
– Ставете ги да се печатво загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20-25 минути.
– Во изладените корпички сервирајте го гулашот.