Одлично јадење за овој период од годината …
Потребно е:
1,5 кг свинско месо
1 главица кисела зелка
3 поголеми главици кромид
1 лажица свинска маст
4 листови ловор
говетска супа
сол, бибер
Подготовка:
– Исечете го месото на помали парчиња (колку еден залак), а зелката на тенки ленти.
– Кромидот ситно исецкајте го. Во тава на рингла на синската маст пропржете го кромидот додека да стане стаклест.
– Во тавата додадете го месото и кратко пропржете го.
– Сипете ја супата, но внимавајте место не треба да плива во течноста, значи немојте да сипете многу од супата. Додадете ги и листовите ловор.
– Динстајте го месото со повремено додавање од супата се додека да омекне месото.
– Кога месото ќе биде до пола омекнато, по околу 50-тина минути, додадете ја исецканата зелка. Ако е потребно додадете уште малку од супата. Додадете сол и бибер по вкус.
– На крај кога ќе го сервирате јадењето во чиниите може да додадете и кисела павлака, по желба.