Американскиот интернет гигант Гугл ќе предложи организирање курсеви „за добро управување“ на 3.000 туристички фирми од островот Крит, во рамки на иницијативата за реклама на грчкиот туристички сектор, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се Унијата на туристички фирми (Сете).
-Забележувајќи го континуираниот раст на туризмот во Грција во последните две години, Гугл покажа интерес за рекламирање на туристичките услуги, давајќи им помош најмногу на малите фирми, кои се срцевината на секторот, објасни Андерас Андреадис, претседател на Сета.
Стартот на иницијативата со курсевите на Гугл, реализирана во соработка со Министерството за туризам и Унијата на туристичките фирми (Сете), ќе биде на Крит на 2 и 3 септември, а на нив ќе учествуваат околу 3.000 фирми, посочи Андерадис.
Станува збор за семинари, кои имаат за цел на туристичките фирми (хотели, ресторани) да им дадат адекватни дигитални можности за да го засилат своето претставување на интернет и да им помогнат во нивниот развој преку целата година, се посочува во соопштението на Сете.
Целта е преку инструментите, развиени од Гугл за подобрување на нивната видливост на интернет, да се продолжи туристичката сезона, што сега се одвива од јуни до септември.