„Гринпис“: Луксузните брендови водат лоша еколошка политика

Од:

Луксузните модни куќи Роберто Кавали, Прада, Ерме, Долче и Габана и Шанел, се оценети негативно во однос на заштитата на животната средина од хемиско загадување и уништување на тропските шуми, објави денеска меѓународната еколошка организација „Гринпис“.

Единствено модната куќа Валентино успешно го мина тестот на Гринпис за својата добра еколошка политика.

Оваа италијанска компанија е значително ангажирана на исклучувањето од употреба на токсичните хемиски производи и запирање со експлоатација на шумите, пишува францускиот весник „Паризијан“.

Гринпис ги оценува и комуникативноста и транспарентноста на компаниите, така што модните куќи Прада, Ерме, Долче и Габана, Шанел, Алберт Ферети и Трисарди имаат оценка нула, бидејќи одбиле да достават информации за влијанието на нивното производство на природата.

Работењето на модните куќи, како што се Диор, Гучи, Луј Витон, Џорџо Армани или Версаче, е оценето како нешто подбро за природата, но се уште незадоволително.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски