Постојат бројни теории на заговор за шведската активистка Грета Тунберг. Сепак, најновата теорија е многу интересна и вели дека 16-годишната активистка патува низ времето и дека потекнува од минатото.
Причината за оваа теорија е една фотографија, која потекнува од канадската територија Јукон, некаде околу 1898 година.
На фотографијата има три деца, две момчиња и една девојка, која изгледа идентично како младата Грета.
Фотографијата е пронајдена во архивите на Универзитетот во Вашингтон.