Грција очекува 17 милиони туристи

Од:

Грција во текот на летото очекува дури 17 милиони туристи, а оваа земја е една од најпопуларните дестинации за Германците, Британците, Русите, Чесите, Полјаците и Холанѓаните.

Најпродаваната туристичка дестинација во Србија и оваа година е Грција, а околу 50 илјади Турци исто дака одлучиле ова лето да го минат во Грција.

Со оглед на тоа дека спаѓа меѓу земјите со најниски цени, за Бразилците заминувањето во Грција претставува „патување на животот“, јави Тотал портал.

Туризмот е клуч на финансискиот раст на Грција и чини 20 отсто од бруто домашниот производ. Протестите во Истанбул и немирите во Египет му одат во прилог на грчкиот туризам, па се очекува оваа година да биде една од најдобрите.

Според податоците Здружението на грчките туристички агенции, од јануари до крајот на мај грчкиот туризам бележи раст од шест отсто во однос на минатата година.

Во тој период Грција ја посетиле речиси 2,5 милиони туристи, околу 200 илјади повеќе од истиот период минатата година, а најголем пораст на туристи е забележан на островот Миконос, други 125,5 отсто.

Далеку зад овој остров е Закинтос со раст од 33,2 отсто, Кефалонија со 29,5 отсто, Ханја на Крит со 26, 3 проценти, Санторини со 22,7 отсто, Крф со 23,9 проценти, Кос со 20,2 отсто и Скијатос со 18,3 проценти.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска