Грција е на второ место, по Шпанија, во светската класификација за најчисти плажи, при што 408 од нив се наградени со сини знамиња, што е за 15 повеќе од минатата година, пишува весникот „Етнос“.
Со сини знамиња се означени и десет грчки пристаништа за јахти.
Најмноги сини знамиња добија Ласити на островот Крит – 42, Халкидиди – 33 и Крф – 30.
Најмалку сини знамиња добија островот Закинтос – 9, Лаконија – 10 и Солун – 11.