Грчка пита со сирење

Од:

Изненадете ги вашите домашни …

Потребно е:
500 гр брашно
1 лажица сув квасец или 1/2 коцка свеж
1/2 лажиче сол
на врв на нож шеќер
1 лажица масло
млака вода, колку што треба

за филот:
200 гр фета сирење
3 лажици маслиново масло + 1 лажица за премачкување на тавата
1 лажиче оригано

за премачкување:
1 жолчка
3-4 лажичиња сусам

Подготовка:
– Во малку млака вода издробете го квасецот и ставете ги солта и шеќерот. Оставете го садот на топло место за да стаса квасецот. Ако користите сув квасец тогаш овој чекор ќе го прескокнете.

– Во еден подлабок сад ставете го брашното, маслото и стасаниот квасец и замесете тесто. Додавајте млака вода по потреба. Тестот треба да биде како тесто за пица.  Обликувајте го како топка, покријте го со крпа и оставете го да нарасне 30-45 минути.

– Издробете го фета сирењето.

– Тестото ставете го на набрашнета работна површина и со сукало развлечете го во форма на круг. Можете и малку со раце да се помогнете.

– Тестото премачкајте го со маслиново масло, посипете со оригано и распоредете го издробеното фета сирење.

– На едиот крај на тестото кон себе, направите отвор до средината на кругот, а потоа со двете раце завиткајте го тестото како ролат. Кога ќе дојдете до крајот, ролатот внимателно раширете го со рацете.

– Тестото замотајте го како полжав и ставете го во кружен керамички сад претходно премачкан со масло. Садот оставете го на топло околу 30 минути за да нарасне тестото. Премачкајте го со изматена жолчка и посипете со сусам.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 35 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска