Оваа салата може да биде и комплетен оброк …
Потребно е:
165 гр туна од конзерва
400 гр варен грав
400 гр пченка од конзерва
2-3 тврдо варени јајца
за преливот:
сок од 1 лимон
100 гр мајонез
100 мл јогурт
100 мл кисела павлака
2-3 лажици сецкан свеж магдонос
сол, бибер
Подготовка:
– Сварете го гравот. Можете да користите и грав од конзерва.
– Сварете ја пченката и оставете да се излади. Исто може да користите и пченка од конзерва.
– Сварете ги јајцата да бидат тврдо варени. Исечете ги на тркалца.
– Сите состојки ставете ги во една подлабока чинија и внимателно измешајте ги.
– На крај додадете ја и туната од конзерва.
– Подгответе го преливот. Измешајте ги мајонезот, сокот од лимон, јогуртот, киселата павлака и магдоносот. Зачинете со сол и бибер по вкус.
– Прелијте ја салатата и полека измешајте со лажица. Украсете со маслинки и сецкан свеж магдонос.