Уште едно италијанско градче кое што со години е ненаселено одлучи да ги оживее ренесансните градби кои што подолго време се празни.
Градчето Камарата на Сицилија е последно во низата дестинации кое сака да привлече жители нудејќи бројни придобивки, бидејќи повеќе од 100 куќи се празни.
Винченцо Гамброне, градоначалникот на Камарата ги убеди претходните сопственици на напуштените објекти да им ги отстапат на оние кои што можат да внесат живот во градот.
Иако има 12 празни домови кои се подготвени за вселување има неколку услови што новите сопственици треба да ги исполнат.
Од нив се очекува да ја реновираат куќата во рок од три години, но и да достават план за зажвување на имотот.
Неопходен е депозит од 5 илјади евра, кој што ќе им биде вратен доколку ги исполнат условите.
Градчето е опкружено со зелени полиња, и нуди драматичен поглед на вулканот Етна.
Камарата е инаку позната по гостопримството.
– Посетителите и гостите се секогаш на прво, дури и пред семејството, рече градоначалникот, додавајќи дека новата енергија е почеток за промени, но и за локалната економија.