Оваа година ЈУ „Зоолошка градина Скопје“ го слави својот 93-ти роденден. По тој повод, на 1-ви септември во ЗОО Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.
Дента, ќе биде отворено и првото „Baby ZOO” катче каде што децата ќе учат нега и одгледување на мали животни и ќе се едуцираат околу нивното хранење во присуство на стручни лица од зоолошката.
Со почеток од 17:00 посетителите ќе се можат да се забавуваат со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите.
„За најсреќните посетители подготвивме супер подароци- Електричен мотор, фамилијарно патување со Фибула и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац Генијалац. Секако, тука се и останатите наши пријатели кои за 1-ви септември подготвија изненадувања за сите посетители. До роденденот, сите посетители имаат шанса да станат потенцијалени добитници на некој од подароците. Се што треба да направат е при посета во зоолошка, на билетарата да побараат купон, да го пополнат и да го стават во кутијата која се наоѓа на влезот.
Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава“, велат од Зоолошка градина Скопје.