Дали би одвоиле 60 илјади фунти за нешто што има само една функција – да спречи вашите панталони да паднат. Најскапиот ремен на светот чини точно толку, а направен е од платина и злато, а покриен е со дијаманти.
Аксесоарот кој ги воодушеви вистинските љубители на глам модата е изработен од познатиот бренд за луксузни парчиња „House of Borgezie“, истата куќа која ги произведува омилените дијамантски чевли на поп-ѕвездата Бијонсе.
Дизајнерот на овој ремен, кој се продава како унисекс парче, Кристофер Шелис, верува дека уникатниот дизајн на лилјан кој е направен од цврста платина и 18-каратно злато, прекриен е со 60 дијаманти, вреди секој цент.
Тежок е 300 грама, со дебелина од 30мм, може да се нарача во било која величина, а како што велат производителите, совршен е за секоја комбинација на облека.
За лилјанот кој му послужил како инспирација за ова единствено парче, Шелис вели:
– Лилјанот отсекогаш бил поврзуван со моќ и авторитет. Мотивот стана популарен за време на крунисувањето на Елизабета I во 1558 година.
На Шелис му биле потребни три дена за да го дизајнира овој ремен, а досега е направен само еден.